Не би променил ниту секунда од последните 15 години: Mилан Калиниќ и честиташе роденден на сопругата

Славниот актер ѝ посака на сопругата Сандра се најдобро

Сандра Калиниќ, сопруга на актерот Милан Калиниќ, славеше роденден, а во таа прилика се огласи популарниот актер. Имено, тој објави фотографија од сопругата на Инстаграм и на убав начин и го честиташе роденденот:

- Ова мое мало девојче влегува во петтата деценија од нејзиниот живот денес, а сакам да и кажам јавно, ако можев да сменам се од почеток, не би променил ниту секунда од последните 15 години - напиша Милан.

Неговите следбеници на Инстаграм го пофалија.

- „Меѓусебна почит, доверба, љубов… и деца сето тоа не се мери со ништо ... Браво, прекрасно е да се чуе тоа од маж (жена)! Ви посакувам уште многу вакви години во љубов, среќен роденден на твојата сопруга! Поклон до земја, за опис како овој !!! ", беа некои од коментарите на следбениците под неговата инстаграм објава.

Сандра, исто така имаше посебна порака за Милан.

- Те сакам најмногу на светот - напиша сопругата на Калиниќ.

View this post on Instagram

Ova moja mala danas ulazi u petu deceniju života,i želim ovako javno da joj kažem,da mogu sve ponovo,proslih 15 godina ne bih menjao ni sekundu

A post shared by kalinic.milan@yahoo.com (@kalinic.milan72) on



(ВИДЕО) Калиниќ ШОУ на тераса: Почна да зборува на германски и француски јазик, сите вреснаа од смеа