Не дозволувајте осаменоста да ве надвладее: Мудрост од стара вдовица - задолжително прочитајте

Добивај вести на Viber

Мерион Бетон (83) е една од деветте милиони Британци кои ги чувствуваат последиците на осаменоста, но оваа вдовица реши да стави крај.

„Неодамна се вратив дома откако се дружев со мојот внук Феликс и се потпрев на мојот стол уморна, но среќна. Сепак, колку подолго седев, празнината на мојот дом стануваше се поочигледна и почна да ме јаде. Ми недостасуваше мојот покоен сопруг Хари, кој почина пред три години. Поминавме повеќе од половина век заедно“, изјави Мерион за „Дејли меил“.

„Како човек чија рака е ампутирана, а тој сè уште чувствува како неговата рака да е таму, јас го чувствувам присуството на Хари цело време, но зборувајќи си меѓу празните sидови, можеш само да го доведуваш во прашање сопствениот здрав разум. Сега, наместо да жалам за себе, се фокусирам на сè што чувствувам додека сум во друштво на моето семејство. Кога ќе останам сама, вадам интересна книга од полицата и навлегувам во нејзините страници “, вели Бетон, која исто така е писателка.

Сите ние имаме моќ во нас

„Одеднаш, осаменоста станува драгоцено време за размислување, на позитивен начин. Фала му на Бога што сум во можност да го сторам тоа - да ја реализирам осаменоста во мојата глава и да не дозволам да ме завладее. Тоа е вештина што дозволува мојот живот да биде исполнет и значаен, без разлика колку време во денот поминувам сама. Гледате, јас одбивам да бидам стереотип за осамена старица. Зошто и би била? Кога си ги вратив спомените, имав богат и интересен живот, па дури и сега не се чувствувам ништо поразлично. Се чувствувам како да имам 20 години. Изгледам постаро, но не сум помалку човек поради тоа “, смета Мерион.

„Секако, морам да го прифатам фактот дека веќе сум во редот пред Божјата врата. Го избрав и старечкиот дом во кој планирам да одам кога ќе дојде време за тоа. Не сакам да бидам товар на никого, освен на професионалците кои се платени за тоа. Сакам да го задржам достоинството до крај, за моите најблиски да ме гледаат како личноста што сум, а не како беспомошно суштество за кое треба да се грижат. Без оглед на околностите, верувам дека сите имаме моќ во нас да ја надминеме осаменоста“, вели вдовицата.

Таа се подготвувала за ова цел живот

И додека експертите секојдневно предупредуваат дека осаменоста ги има истите последици како пушењето, оваа старица вели дека е подобро за сите нас едноставно да се подготвиме физички и емоционално и да го прифатиме тоа  како нешто неизбежно.

„Среќна сум што ги имам моето семејство и пријателите покрај мене. Но, мојот син и неговата сопруга се зафатени луѓе и живеат прилично далеку од мене, така што не можеме да се гледаме секој ден. Како вдовица, морам да живеам, да јадам и да спијам сама. Откога Хари почина на 89-годишна возраст како резултат на пад, немав друг избор освен да ја прифатам мојата осаменост“, вели Бетон.

„Мислам поинаку од другите жени, можеби затоа што цел живот се подготвував за овој момент. Се борев напорно против негативноста и осаменоста како млада жена и мајка. Еднаш морав да одам на долго службено патување, без сопругот. Осаменоста тогаш ми го одзеде здивот. Една недела, само чекав кога ќе се вратам дома. Тогаш решив дека никогаш повеќе нема да дозволам чувството на осаменост да ми ги одземе задоволствата што ги пружа животот“, се сеќава старицата.

„Тоа е нешто на кое треба да се работи. Како и зглобовите и мускулите на кои им е потребна вежба, мозокот бара тренинг за да не се чувствувате осамени кога нема никој околу вас. Како мајка која работи, намерно започнав да шетам сама, да јадам сама и да не барам ничија помош кога имав проблеми. Ова го направив само затоа што знаев дека ќе дојде овој ден, бидејќи на крајот на краиштата, мојот сопруг беше девет години постар од мене.

Во меѓувреме, ги идентификував сите активности што ме асоцираа на осаменост. Интересно, гледањето телевизија беше едно од нив. Читањето, особено поезијата, изгледа сосема поинакво. По читањето, секогаш се чувствувам емотивно задоволна. Дружењето со негативни луѓе исто така ме измори и ме остави да се чувствувам изолирано. Се опкружив со позитивни луѓе и почнав да ги избегнувам оние чиј песимизам ме проголта. Животот е подарок со кој мојата генерација полека се збогува. Дозволувањето на осаменоста да ја преземе контролата во која било фаза од животот е еднакво на кривично дело“, заклучува Мерион.


Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) За почит: Вдовицата на Коби Брајант направи тетоважа во негова чест