Не сакам да изгледам вака: Камерон Дијаз отворено за ботоксот

Холивудската актерка Камерон Дијаз има објавено две книги на тема здравје и велнес. За време на промоцијата на првата книга наречена „Книгата на телото“, таа отворено прозборе за ботоксот.

Убавата актерка вели дека ботоксот ѝ го сменил лицето, но не на подобро.

„Иако го ставив во навистина мали количини, ботоксот ми го смени лицето на навистина чуден начин што едноставно помислив: не сакам да изгледам вака. Попрво би  набљудувала како лицето ми старее отколку лице кое воопшто не е мое“, изјави актерката.