Не се уморувам, имам нова енергија: Вака изгледа Весна де Винча по 40 дена гладување и чистење на организмот (ФОТО)
Весна де Винча ги шокираше сите со својата објава во месец јуни, дека со постење и изгладнување прави специјална детоксикација на телото.
Весна де Винча издржа 40 дена гладување и на тој начин го детоксицираше своето тело, а сега покажа како изгледа по овој режим.
Голем дел од јавноста го критикуваше потегот на Весна и многумина беа скептични, најмногу поради тоа што е многу тешко да се преживее само со внес на течности, но таа беше одлучна и упорна.
Резултатите се забележливи, а Де Винча тврди дека има нова енергија и покрај сите напори што моментално ги вложува, не може да се измори. Таа неодамна сподели фотографија во виолетов дводелен костим за капење, покажувајќи ја својата витка линија како и спортскиот начин на живот.
Под објавата се редеа охрабрувачки коментари и луѓето пишуваат за нејзината храброст и како успеала да се надмине себеси и дека е вистинско чудо што го издржала гладувањето.
- Од велосипед на даска Не можам да се уморам. Резултат на 40 дена гладување!!!! - напиша Весна под објавата.
Весна во една прилика откри дека гладта може да ја прекине само со една намирница, а тоа се јатките од цреши.
Иако се залага воопшто да не јаде за време на штрајкот со глад, Весна де Винча објасни зошто овој пат при чистењето изела и 10 цреши со семки:
- На прашањето на Далај Лама која е неговата цел во животот, тој одговори - главната цел ми е редовна столица. Според некои истражувања најдобро би било редовна столица да се случува во пет наутро. Тоа е малку тешко, но по будењето треба да имаш столица бидејќи тоа зборува се за телото. Продолжувам со вода и лимон, уште не сум почнала да ставам жалфија, но тоа ќе го правам од утре сабајле. Се чувствувам многу добро, но не само поради редовната столица, туку и интелектуално се чувствувам подобро. Енергијата ми скокна“, изјави Весна на почетокот од процесот на детокс.
Сепак, многу експерти не препорачуваат диети со изгладнување, па за секој случај не пробувајте бидејќи никогаш не знаете како ќе реагира вашето тело или најдобро е да се советувате со вашиот лекар.
извор: GLOSSYПоврзани вести: