Негува природна убавина и едноставно блеска: Вака изгледа Данијела Димитровска без трошка шминка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатата манекенка позираше без шминка и ги воодушеви сите

Убавата манекенка Данијела Димитровска отсекогаш важела за дама со стил. Нејзините модни комбинации можат да бидат добри идеи за многу дами кога не можат да смислат адекватен аутфит за одредена пригода.

Данијела неодамна се разведе од долгогодишниот партнер, познатиот водител Огњен Амиџиќ. За популарниот Амиџиќ деновиве на големо пишуваат сите медиуми, поточно за врската со неговата убава колешка Мина Наумовиќ.

Данијела, барем колку што знаат медиумите засега, сè уште нема нова љубов или едноставно не ја обелоденила јавно.

Сепак, заносната манекенка изгледа подобро од кога било, што го покажа со нови фотографии на својот Инстаграм профил.

Даниела овој пат не покажа некои од нејзините совршени комбинации, но покажа како изгледа без шминка. И тоа без трошка шминка.Таа сними видео од својот автомобил на кое е целосно без шминка.

Обожавателите беа воодушевени од ова нејзино издание бидејќи покажа дека изгледа беспрекорно и без маскара, пудра, руменило и останатите најдобри пријателки на секоја девојка.

Извор: glossy.espreso.co.rs