Нема ништо потешко од солзите на дете: Девојче плаче на цел глас додека се разделува од таткото кој оди во војна

Добивај вести на Viber

Никој не е имун на детските солзи, особено ако тие се од војна.

Во фокус на светските медиуми е нападот на Русија врз Украина. Цел ден се зборува, пишува, се споделуваат морничави фотографии од ужасот на војната. Но, сепак едно видео од девојче како плаче на цел глас стана вирално со молскавична брзина.

Девојчето плаче пред автобусот кој треба неа и нејзината мајка да ги однесе на безбедно место, а пред вратата на автобусот стои со татко ѝ и се збогува. Таткото исто така плачејќи се поздравува со неа, таа ќе оди на безбедно тој ќе оди на фронтот.


Фото и Видео: Твитер