Нема здрави луѓе кои можат да се прилагодат на ова длабоко болно општество: Моќни цитати од големи луѓе

Понекогаш треба да прочитаме нечии инспиративни зборови за да ги отвориме очите и да го погледнеме светот во сосема поинакво светло.

Зборови кои нè шокираат - не затоа што тие се застрашувачки или навредливи, туку затоа што ни ја покажуваат вистината и колку бесмислено го трошиме времето понекогаш.

Затоа денес ви ги претставуваме силните цитати на некои од најголемите умови на нашето време!



„Ако премногу долго гледате во бездната, бездната почнува да зјапа во вас.“ - Фридрих Ниче

„Постојат две можности: или ние сме сами во универзумот или не сме. И двете се подеднакво застрашувачки.“ - Артур Кларк

„Големите умови честопати се соочуваа со жестокото спротивставување на средновековните умови.“ - Алберт Ајнштајн

„Нема здрави луѓе кои можат да се прилагодат на ова длабоко болно општество.“ - Џиду Кришнамурти

„Оние кои можат да се откажат од својата слобода заради безбедноста, не заслужуваат ниту слобода ниту безбедност.“ - Бенџамин Френклин

„Изворот на страв е во твоето срце, а не во рацете на застрашувачот.“ - Халил Џубран

„Не верувајте на никој, освен на тие кои навистина ве сакаат или ги сакате вие.“ - Вилијам Саројан

„Во општество во кое сите се виновни, единствен криминал е ако ве фатат. Во свет на крадци, единствениот смртен грев е глупоста “. -Хантер Томпсон

Слоганот на вистинската демократија не е „Допуштете да го стори тоа Власта“, туку „Да го сториме тоа сами.“ - Двајт Ајзенхауер

„Дури и едно патување од илјада милји започнува со чекор.“ - Лао Цу


Moжеби ќе ве интересира:

И будалите изгледаат мудро кога молчат: Непроценливите мудрости на кралот Соломон