Немам сила да зборувам, ова е многу тешко: Тага во домот на познатата Есмералда

Познатата мексиканска актерка Летиција Калдерон, која се прослави на нашите простори со главната улога во серијата „Есмералда“, соопшти тажна вест.

Како што објави таа на Твитер, починал нејзиниот татко.

- Со скршено срце споделувам со вас, дека мојот учител, мој пријател, повеќе нема да се врати во неговата куќа. Одлучи да се соедини повторно со своите родители и да остави во нас голема празнина. Ќе ни недостигаш многу, тато - напиша таа, додека многумина и изразија сочувство.

- Немам сила да зборувам. Овој процес е многу тежок. Го почитува тоа што не разбирате и ни давате време. Ви благодариме за пораките и знаците на внимание - напиша подоцна Летиција на Твитер.


Фото: Принтскрин јутјуб