НЕОСТВАРЕН АМАНЕТ: ПРВ РОДЕНДЕН БЕЗ КАНГО
Македонскиот гитарист, поет и сликар, Симеон Иванов-Канго, денеска требаше да наполни 67 години. Еден од нашите најавтентични рок-музичари по тешко боледување почина на 26 март годинава. Обожавателите не го забориваја на овој ден и бројни коментари може да се прочитат на неговиот профил на „Фејсбук“.
Неговата ќерка Ивана Иванова во август годинава објави емотивна посвета за нејзиниот татко.
- Ми недостасуваш неверојатен човеку. Секој ден без тебе е очаен и празен. Твојот енергичен и динамичен од, твојот импресивен говор, татковската насмевка, топол утешен збор! Ништо повеќе не е исто. Без тебе сонцето помалку свети! Те чувствувам сѐ уште ме чуваш, пак ми даваш снага и волја да најдам причина за да се борам! Прости ми татко ако не те усреќив. Жал ми е, за твојот неостварен АМАНЕТ! Можеби еден ден повторно ќе се роди, сонце што ќе свети силно како тебе!Се надевам, за да го заврши твојот СОН! Те сакам! - напиша таа.