Нешто страшно се случува со кралицата Елизабета: Нејзините најблиски се загрижени

Минатиот месец на кралицата требаше да и биде извршена операција, но таа одби.

Здравјето на кралицата на Велика Британија Елизабета Втора се влошува и нејзините блиски се загрижени, но и таа знае да биде проблематична.

Според весникот „Експрес“ минатиот месец, таа требаше да се подложи на операција на коленото, но таа одбила и затоа има сериозни потешкотии при движење.

93-годишната Елизабета ја води британската монархија 67 години. Во текот на годините, таа има посетено скоро 200 службени настани.

Во септември, во британските медиуми се појавија вести дека поради нејзината здравствена состојба, кралицата може да се откаже од тронот во корист на нејзиниот син Чарлс. Во тоа време, фотографиите на Елизабета Втора од нејзината средба со кралот на Јордан Абдула Втори и неговата сопруга Ранија беа причина за загриженост, каде таа се појави со огромна модринка на нејзината рака.

Сега се шпекулира дека таа одбила операција на коленото, затоа што ќе трае долго времето на опоравување.

„Таа разговараше со пријателите на саемот на цвеќиња во Челси и рече дека колената и предизвикуваат проблеми, но не сакаше да се оперира поради времето кое би го поминала во закрепнување“.

Проблемите со коленото на Елизабета Втора започнаа во 2003 година, кога таа падна и посеризно го повреди коленото. Се оперираше тогаш поради инцидентот. Третманот беше успешен, но поради возраста старата траума повторно почна да се јавува.

Роднините не губат надеж дека ќе можат да ја убедат да им верува на хирурзите.