Неверојатна приказна на семејство со три пара близнаци: Споени на чуден начин

Добивај вести на Viber

Многумина велат дека полна куќа е знак на среќно семејство. Колку повеќе деца, толку посреќни се и родителите и малите деца.

Кери и Крег Косински се брачна двојка кои имаа проблеми со зачнувањето и се предвидуваше дека многу е тешко да добијат деца.

Едена нивна стара пријателка, која не можеше да се грижи за своите близнаци, на Кени и Адалин им ги остави децата за тие целосно да се грижат за нив. Парот веднаш ја прифати понудата бидејќи многу сакаа деца. Децата останаа со денови и месеци кај нив, па по некое време ги посвоија.


Семејството живееше среќно, ама по извесно време биолошката мајка на близнаците повторно дојде кај нив со многу слична молба. Имала уште едни близнаци и не била во ситуација да се грижи за нив затоа што сиромаштијата си го направила своето и сакала нејзините деца да растат во семејство кое ќе им овозможи подобар живот. Така, ова семејство станало побогато за друг пар близнаци, и сите четворица браќа и сестри станаа едно големо семејство. Иако се предомислуваа, Косински сепак се согласија на ова.

Веќе доволно невообичаена ситуација во ова семејство стана уште поинтересна кога Кери дозна дека, по толку години неуспех, таа стана конечно бремена. Дали вреди да се спомене дека стана мајка на близнаци?

Несомнено, ова семејство остана воодушевено и шокирано од ова знаење и сето тоа го сфатија како знак и дар од Бога.

Друга потврда за ова чудо е фактот дека сите три пара близнаци се родени во ист ден, 28 февруари. Ова неверојатно семејство е пресреќно заедно, малите уживаат во друштвото на своите браќа и сестри, а родителите се горди на семејството и животот што им дојде како „знак од Бога“.

Извор: Yahoo