Неверојатни сили и случки: Предвидувања на баба Ванѓа за 2021 година
Атентант врз Путин, Трамп ќе оглувее, змеј ќе владее со човештвото...
Баба Ванѓа предвиде низа настани и повеќето од нив веќе се остварија: распадот на Советскиот Сојуз, трагедијата од 11 септември 2001 година, смртта на принцезата Дајана, несреќата во Чернобил се само некои од нештата што ги предвидела таа.
Набљудувачите на познатата видовитка тврдат дека досега се исполнети 85% од нејзините предвидувања. За Баба Ванѓа се вели дека точно ги предвидела и нападите на 11 септември во Њујорк, цунамито во Јапонија во 2004 година и подемот на исламот. Со текот на времето, Ванѓа предвиде значајни настани, достигнувајќи до 5079 година - годината кога светот ќе заврши, според нејзините изјави.
Еве ги предвидувањата на Ванѓа за 2021 година:
- Ванѓа предвиде непосредно пред нејзината смрт, на 85-годишна возраст, дека 2021 година „ќе донесе инвазија на екстремисти“ над Европа и дека нашиот континент ќе се соочи со хемиски напади од „напаѓачите“. Во следниот период, европскиот континент може да го достигне „крајот на своето постоење“, вели баба Ванѓа.
- Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се разболи од мистериозна болест што ќе го остави глув и ќе претрпи повреда на мозокот, според јасновитката.
- За 2021 година предвидува и економски пад на Европа и обид за убиство на рускиот претседател Владимир Путин. Таа верувала дека заканата за лидерот може да дојде од неговата земја.
- Јасновитката предвиде дека „светот ќе страда од многу катаклизми и големи несреќи. Свеста на луѓето ќе се промени. Ќе дојде бремено време. Луѓето ќе бидат поделени со нивната вера. Сведоци сме на разорни настани што ќе ја променат судбината на човештвото “.
За далечна иднина, таа предвидува дека „животот во вселената ќе биде откриен и одеднаш ќе стане јасно како првпат се појави животот на Земјата“, а во следните 200 години луѓето ќе стапат во контакт со другите, нивните духовни браќа и сестри.
„Советскиот сојуз ќе биде повторно изграден во првата четвртина на 21 век“.
„Возовите ќе „летаат“ користејќи сончева светлина. Производството на бензин ќе престане и Земјата ќе одмара“. За употребата на сончевата енергија се' повеќе се дискутира, па прогнозата на Ванѓа не изгледа толку футуристичка.
„Силен змеј ќе владее со човештвото. Трите гиганти ќе се обединат. Некои луѓе ќе имаат црвени пари. Ги гледам броевите 100, 5 и многу нули “, предвидува Ванѓа. Толкувачите сугерираат дека „змејот“ е Кина, која стана суперсила. Трите гиганти можат да бидат Русија, Индија и Кина, а во однос на парите, банкнотите од 100 јуани и 5.000 рубљи се црвени.
„На почетокот на 21 век, човештвото ќе се ослободи од рак. Ќе дојде денот кога ракот ќе биде врзан со железни ланци “, предвиде Баба Ванѓа
фотографии: БГНЕС, GettyImages
извор:edna.bg