НИКОЈ ДА НЕ ВИ ФАЛИ И НИШТО ДА НЕ ВЕ БОЛИ: Вака Лила ја честиташе новата година

Добивај вести на Viber

Се нижат новогодишни честитки. Сите пишуваат по што ќе им остане во сеќавање старата година, а меѓу познатите личности, порака испрати и познатата ТВ водителка, Лила Филиповска.

„Кога ќе ме праша некој по што ќе ја паметам оваа година , јас навистина не знам од каде да почнам.
Можеби со вдомувањето на нашиот нов член Мајло кому му го спасивме животот и сега ни го разубавува секојдневието со неговите палавштини и дружењето со Рагнар. Можеби по чистиот пет скен и мојата победа во битката со ракот, можеби по успешната професионална сезона, многуте патувања… и не, не дека немало и помалку убави моменти ама тие не заслужуваат простор во овој пост. И секако благодарност до сите оние кои на било кој начин учествувале во овие важни моменти за мене . А вам драги мои ви посакувам убава и среќна година и НИКОЈ ДА НЕ ВИ ФАЛИ И НИШТО ДА НЕ ВЕ БОЛИ.“ - напиша Лила на Инстаграм.


ФОТО: Инстаграм принтскрин