Никој не знае каде е: Кајмакоски беше во контакт со Ѓоковиќ

По веста дека Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус, многумина ги мачи каде е и зошто досега не се огласи Даниел Кајмаковски, кој беше во близок контакт со тенисерот.

Имено, после одржаниот тениски турнир „Адриа тур“, на кој беше формиран кластер од повеќемина заразени со КОВИД-19, меѓу кои и тенискиот ас Новак Ѓоковиќ, кој заедно со Димитров (во медиумите се пишува дека прв, позитивен на вирусот, се тестирал токму бугарскиот тенисер Григор Димитров) и други тенисери присуствувале на ноќна забава во белградски клуб.
Всушност, таа е наречена „Забава за која цел свет зборува“, а покрај славните тенисери, таму присуствувале и други познати личности од српската јавна сцена, како Милош Биковиќ (кој се тестирал и е негативен на вирусот), Анастасија Ражнатовиќ, меѓу кои и нашиот познат пејач Даниел Кајмакоски, кој ја имаше честа и да запее на забавата, а за тоа сведочи и фотографијата објавена на Инстаграм профилот на пејачот.


На фотографијата Кајмаковски е во близок контакт со Ѓоковиќ и Димитров, кои како што се знае се позитивни на вирусот.

Тоа што никој не го знае е дали пејачот се вратил во Македонија, доколку се вратил дали е во самоизлоција, дали можеби се уште престојува во Србија, како и дали се тестирал за КОВИД-19.

Редакцијата на Женски Магазин се обиде да стапи во контакт со Кајмакоски, но, до објавувањето на текстот, повратен одговор од пејачот - нема.