Нови мерки во Нов Зеланд: Тридневен „локдаун“ поради три нови случаи на коронавирус

Фото насловна: Profimedia

Нови мерки во Нов Зеланд.

Со месеци немаше инфекција со вирусот ковид-19 во Нов Зеланд, и таа земја е рангирана како најдобра во одбраната против инфекцијата во анализата на 100 земји во светот.

Премиерот на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, најави тридневен „локаут“ во најголемиот град Окланд, откако беа откриени три нови, локални случаи на ковид-19.

Премиерката најави ниво 3 на рестриктивни мерки, што значи дека сите граѓани мора да останат во своите домови, освен основните службеници и продавници, слично на мерките што беа во сила во текот на изминатата година кога успешно беше спречено ширење на корона вирусот, пренесува Ројтерс.