„Облечи се, бабо!“: Познатата убавица (57) повторно се соблече гола и не ѝ е гајле за критиките- има боженствено тело, без ниту една естетска операција

Поранешниот супермодел Паулина Поришкова е сила на природата! Оваа дама се колне дека никогаш ништо не му правела на лицето и дека е поборник за природно стареење, додека се обидува да застане на патот на предрасудите дека зрелите жени не можат да бидат секси и да уживаат во нивната убавина и заводливост

Славната 57-годишна дама е позната и по смелите, доста слободни фотографии на кои позира целосно гола, без шминка и во домашно издание, па дури има и онакви на кои плаче... Паулина со вакви слики сака да ги руши табуата, ја покажува вистинската, реална страна на животот и ги мотивира своите врсници да се прифатат и да се сакаат себеси во сите нивни состојби и проблеми.

Убавата Чехинка неодамна ја објави книгата „Без филтри: добрите, лошите и убавите“, тип на мемоари во кои манекенката размислува за она што ја кочи, за она што ја поттикнува, за размислувањата за светот во кој живееме, но и на своето детство, кариера, брак...


Ова дело Паулина ѝ го претстави на Инстаграм заедницата со адекватна фотографија - без филтри, секако, на која не носи апсолутно ништо, а интимните области ги покри со својата книга. И на оваа слика таа изгледа магично - ниту еден ден помлада од што навистина е, но сепак заносно и свежо! Го сакаме начинот на кој оваа дама се справува со своите години.

Чехинката пред неколку дена ги сподели фотографиите направени за книгата - на нив позира во долна облека и во заводливи пози, докажувајќи дека и понатаму го има истиот сексапил како на почетокот на кариерата.


Инаку, таа во неколку наврати истакна дека сака да се разголува и така да се фотографира, и покрај оние кои сметаат дека постарите жени не треба да го слават и сакаат своето тело.

View this post on Instagram

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)


„Кога бев во своите 20-ти и 30-ти години, колку помалку облека имав на себе, толку бев попопуларна. Во 40-тите, практично можев да се шетам гола и да не добијам повеќе од минималната казна за инцидент во јавност. Но, во 50-тите ме навредуваат за сè: „Облечи се, бабо“, „Сакаш внимание, нели?“, „Малку си очајна?“, „Мизерна си“, напиша атрактивната русокоса и додаде:

„Зошто голотијата и да се биде секси се добредојдени во младоста на жената, а забранети во нејзините зрели години? Поради мажите. Но, единственото нешто што е патетично овде е што дозволувате другите да ви ги одредуваат приоритетите...", заклучи таа.

Извор: zena.blic.rs