Од каде ти е правото да зборуваш лошо за другите, зарем не ти е срам: 6 лекции од мудра баба
Нека ѝ е Бог на помош на денешната младина, не можеш да најдеш вистински пријател ни за лек. Искрено, навистина не знам веќе што да мислам. Луѓе, ако продолжиме вака, лошо ни се пишува. Кога поединци би ме послушале, би сакала да им кажам неколку работи.
1. Не правете го она што другите не сакате да ви го прават. Наместо да барате начини да уништите некого, подобро е да бидете добра личност и да им помагате на луѓето. Само со таков начин на дејствување светот ќе биде подобро место за живеење.
2. Од каде ти е правото да зборуваш лошо за другите, зарем не ти е срам. Никој нема право да ги навредува другите зад грб. Ако веќе имате нешто против некого, однеси го некаде сам и кажи му в лице. Затоа што верувајте деца, нема ништо добро во тоа да оговарате некого додека го нема, така само можете да си направите уште поголем проблем.
3. Наместо да им завидувате на другите, подобро најдете работа за себе и и вие ќе бидете успешни. Љубомората никогаш никому не му донела добро. Покрај тоа што ќе му наштетите на сопственото здравје, најдете работа и нека другите ви завидуваат. Со тоа сета љубомора што ја чувствувате ќе исчезне и ќе падне во заборав.
4. Зошто толкава омраза меѓу луѓето кога сите сме исти. Луѓе мои, зошто сте толку примитивни? Дозволивте политиката да владее со вас како што сака! Дали е важно кој во што верува? Дали е важно каква боја е вашата кожа?
5. Злобата нема да ви донесе ништо добро освен висок притисок. Расипани мисли предизвикуваат завист кај другите, а штом му завидувате на некого, успехот на другите луѓе тешко ќе ви падне. Се правите нервозни и притисокот почнува да ви расте. Наместо тоа, подобро би било да се опуштите и да уживате во вашата добрина отколку да му наштетите на сопственото здравје.
6. Слободно помагајте им на другите, никогаш не знаете кога можеби ќе ви треба нивната помош. Никогаш не сум ги разбирала луѓето кои одбиваат да им помагаат на другите, од страв дека утре таа личност може да биде поуспешна од нив самите.
Луѓе мои, престанете да ги гледате другите преку материјалните работи и покажете малку повеќе добрина кон нив. Во одреден момент и вам ќе ви треба помош од некого, но доколку вака се однесувате, сигурно нема да ја добиете.
Извор: taster-story.com