Од опуштено кафе, до борба за живот: Исповед на инфлуенсерката која имала страшна промена на кожата

Доколку забележите нешто слично, веднаш контактирајте го вашиот лекар

Морана Мамиќ на социјалните мрежи ја сподели приказната за тоа како ѝ бил дијагностициран меланом во 2021 година.

Во јуни минатата година на социјалните мрежи инфлуенсерката откри како дознала за меланомот додека седела на опуштено кафе со пријателите.

Откако и бил дијагностициран меланом, таа за среќа навреме отишла на лекар и била оперирана. И рекле дека не би можеле да ја спасат доколку дошла шест месеци подоцна.



- Звукот на пораката ме тргна од смеата. Погледнав и ја видов (мојата Теа) главната медицинска сестра на клиниката. Во еден миг ми поминува низ глава додека минатата недела извадив мала црна точка на подлактицата. Пораката е кратка. „Драга Морана, повикај го докторот“. Во таа секунда нешто пукна во мене - изјави тогаш инфлуенсерката.

Сега е многу подобро и се опоравува, а неодамна објави видео во кое зборува за своето искуство со меланон.

- Се помина во најдобар ред. Сето тоа не потресе нас, мене најмногу. Каде и да излезам морам да ставам заштитен фактор 50. Не можам да се сончам. Меланомот ми беше нетипичен, инаку телото ми е полно со бенки, но потоа забележав дамка на раката од два милиметри. И нешто не ми даде мир - изјави Морана и додаде дека потоа посетила лекар и открила дека се работи за меланом:

- Се беше откриено на време, имав две операции, а сега имам лузна. Да не реагирав веднаш, ќе беше лошо.


Foto: Youtube printscreen/morana_mamic