Осум месечно бебе остана без татко поради доцна хоспитализација: 32-годишен скопјанец почина од коронавирус

На социјалната мрежа Фејсбук, се шири статус во кој се бара одговорност од министерот за здравство Венко Филипче, поради прерано загубениот живот на млад скопјанец, како последица на коронавирусот. 

„Денес 32 годишен скопјанец ја загуби битката со коронавирусот.... не,Венко Филипче, Милош Бисовски не е само статистика.

Без претходни коморбидитети, на 24.01.2021 добива позитивен тест на коронавирус, на 26.01. веќе бара лекарска помош. Со крвна слика која и лаик да ја види ќе сфати дека нешто не е во ред, висока температура, дијагностицирана пневмонија и сатурација 93- 2 пати го враќаат дома да пие Трицеф. Милош не побара доцна лекарска помош, ја побара но не ја доби на време. Можеби ако здравствениот систем функционираше како што треба, денес немаше толку срца да бидат скршени и едно осум месечно бебе да остане без татко.“




- Милош не само што побара туку пристојно замолуваше за соодветен третман а тие вашите господине Венко Филипче наместо да кажат да си го бараме чарето го оставија на домашна нега за подоцна истите тие да кажат дека е доцна хоспитализиран... И точно не е тој статистика тој е една изгубена надеж во нашето семејство ама совеста ви знае за понатаму...- гласи еден од коментарите под статусот.