Откри со која намирница ѝ почнува секое утро: Баба Тодорка наполни 100 години

Тодорка Митрева од кавадаречкото село Сопот пред два дена прослави 100 години живот. Нејзините најблиски ја изненадија со торта и желби за уште заеднички моменти. Нејзините блиски, внуците од син Сузе Велјанова и Тоше Митревски, кажаа за МИА дека била родена 1921 година во Мала Преспа, а целиот свој живот го поминала во кавадаречко Сопот.

– Подвижна е и си го знае умот. Пред околу 25 години почина дедо ни. Таа живее со нашите родители.  Откако ја паметиме, секое утро и почнува со какао. Без разлика кое годишно време е, две печени јаболки и се омилена ужина. За ручек често јаде супа и манџа, домати и пиперки, што и да е, многу ретко месо, открија тие.



Целиот текст на Миа.мк