Отворени или затворени прозорци во топлите денови: Mислите дека доаѓа свеж воздух, но eкспертите ја решија вечната дилема
Едно е сигурно, во текот на јули и август сигурно ќе имаме топол бран со високи, а понекогаш и непријатни температури. Топлината не ни пречи само кога сме надвор од дома, туку и во домовите. Кога има бран високи температури, тешко е да се разлади просторот и да се има квалитетен сон, пренесува „Метро“.
Едно од најчестите прашања за време на топлите денови е дали да ги држите прозорците отворени или затворени? Прозорците секогаш треба да бидат отворени ако надвор е поладно отколку внатре. Не постои „универзално правило“ за држење на прозорците отворени или затворени за време на топло време, но со отворање на прозорците во топли денови дозволувате топлината да го загрее просторот. Но, во текот на ноќта температурата е речиси сигурно пониска отколку во вашата куќа, па можете да ги држите прозорците отворени цела вечер.
Меѓутоа, кога денот ќе почне да се вжештува, најдобро е да го затемните домот со затворени завеси или ролетни.
Советите на Националната здравствена служба на Обединетото Кралство за справување со топлотните бранови забележуваат дека е важно просториите свртени кон сонце да бидат што е можно помрачни.
Тие велат: „Ставете завеси на просториите свртени кон сонце за да ги одржувате внатрешните простори поладни и запомнете дека надвор може да биде постудено отколку внатре. Затворете ги прозорците и наместете ги ги завесите кога надвор е потопло. Можете да ги отворите прозорците за вентилација кога е поладно“.
Во случаи кога станот е слабо изолиран или е најгорниот кат, неизбежно е собата многу побрзо да се загрева и многу потешко да се лади, без разлика дали ја затемнувате и внимавате. Единствениот начин да го одржите просторот удобен се клима уредите кога станува неподносливо да спиете или да поминувате време во станот. Ваквите станови и простори треба да ја искористат секоја прилика кога надвор има поубав бран или поладен ветер да се отвори се широко за да се излади просторот.
Извор: zena.blic.rs