Оваа храна не ја јадете за време на циклус

Во текот на менструалниот циклус, жените треба да внесувате што повеќе течности, посебно овошје и зеленчук, а постои една намирница која би требало да ја избегнувате. 

Порталот “Well + Good” пишува дека во периодот на менструацијата треба да заборавите на сите намирници кои го содржат ензимот наречен бромелаин кој е познат по тоа што ја поттикнува циркулацијата на крвта.

Едно од овошјата кое содржи високо ниво на бромелаин е ананасот, кој кај жените предизвикува зголемена продукција на белите и црвените крвни зрнца, поради што може да доведе до појава на сериозно крварење. Освен тоа, ензимот може да предизвика лупење на слузницата на матката.

Во екстремни случаи, високото ниво на овој ензим кај трудниците може да предизвика и спонтан абортус. Поради тоа се советува веднаш по почетокот на бременоста да се исфрли ананасот од исхраната.