Пејачката Беби Дол видена како зема храна од јавна кујна?!: Некогаш беше голема ѕвезда а денес се бори за основното

Добивај вести на Viber

Пејачката Беби Дол подолго време не е дел од јавноста, а едно од последните нејзини појавувања во медиумите беше пред точно две години. Оттогаш многумина се прашуваат каде е и што прави, една од најголемите поп ѕвезди на стара Југославија.

- Беби дојде овде два-три пати да земе храна. Не сум сигурен дали го земала оброкот за себе или за некој друг, бидејќи има случаи кога некој зема храна за некој што не може да дојде. Таа се променила многу физички. Многу е ослабена, се чинеше како едвај да стои на нозе. Ја препознав по косата и специфичниот глас. Навистина изгледаше тажно, изјави еден од волонтерите.

По ова сознание некои од странските медиуми успеале да стапат во контакт со нејзините пријатели за да се распрашаат што навистина се случува.

Тие одговориле дека веќе некое време не знаат ништо за неа и дека не биле свесни дека пејачката е во толку лоша финансиска состојба што би морала да се храни во јавната кујна.

- Загрижени сме за Беби. Семејните проблеми околу болеста на нејзината мајка и тетка оставија длабока трага на неа. Никој веќе некое време не е во контакт со неа. Во последно време му се посвети на семејството, тоа и беше приоритет. Сè падна врз неа. Нејзиниот живот стана многу хаотичен. Што се однесува до нејзиниот брак со Алекс, мислам дека се е во ред таму. Таа не се пожали. Се надевам дека се ќе се реши и дека таа повторно ќе биде старата Беби, изјави еден од пријателите за српските медиуми.


Фото:AP/Ilustracija, Damir Dervišagić

Извор:KurirRs