Плати од 1.500 евра, викендите слободни: Сѐ повеќе Македонци на печалба во оваа земја

Чешка има само 2.1 отсто невработеност, покажуваат податоците на Евростат, што значи дека има осум пати помалку невработени од Македонија. Таа е лидер во ЕУ.

Maкедонците своите вештини и знаења успеваат да ги продадат и на чешкиот пазар на труд. Работа наоѓаат преку посредници. Се бараат градежници, општи работници, заварувачи, а од работен час на почетокот се заработуваат по 5 или 6 евра, зависно за кој профил се работи.

- За година дена во Чешка се отворија многу нови фабрики, има нови работни места, а таму скоро сите се вработени, и затоа соработуваат, бараат работници од Македонија, Србија, Украина. Чешка е 7- ма најсигурна и 30-та најбогата земја. Се заработуваат плати од 1.200 до 1.500 евра. Се разбира дека не сме на исто ниво со нив. Се работи од понеделник до петок, за викенд работниците се слободни, а ако работат плус, тоа се доплаќа - вели посредник од Македонија кој води работници во Чешка.

Целата сторија ја имате на ФАКТОР.МК