По 20 години брак и три деца: Откриено зошто се разведе фудбалерот Тоти кој по само неколку месеци веќе очекува дете со друга девојка

фото:profimedia

Во средината на јули светот беше шокиран од веста дека Франческо Тоти (45), легендарниот фудбалер на Рома и неговата сопруга Илари Блаци (41) ставија крај на бракот по 20 години љубов и три деца. Набрзо почнаа гласините дека за сè е виновна измамата на Тоти, но неодамна италијанските медиуми објавија нешто поинаква информација.

„Се обидов да ја надминам кризата во мојот брак, но денес сфаќам дека изборот за разделба, иако болен, е неизбежен. Сè што кажав и направив во последните месеци беше да ги заштитам нашите деца, кои секогаш ќе бидат на прво место во мојот живот. Ќе продолжам да бидам близок со Илари додека ги воспитуваме нашите прекрасни деца, секогаш ќе ја почитувам. Верувам во почитувањето на нашата приватност, заради мирот на нашите деца“, изјави 45-годишниот „Принц на Рома“, минатиот месец.


Најпрво, романсата на Тоти со Ноеми Боке, 34-годишна цвеќарка која е страствен навивач на Рома, беше обвинета за разводот. Ноеми не ѝ е позната на пошироката јавност, но се преселила во повисоките кругови на општеството, а дипломирала бизнис и банкарство на приватен универзитет во Рим.

Оваа русокоса предизвика удар и за Марио Каучи, сопственикот на нисколигашот Тиволи, со кој има две деца. Наводно, Тоти последните недели пред раскинувањето ги поминал практично во куќата на оваа Италијанка.

Меѓутоа, неодамна магазинот „Чи“ објави дека првите проблеми и пропаѓањето на бракот се случиле многу пред оваа афера и дека всушност Илари придонела за ненадејната разделба. Имено, водителката често престојувала во Милано поради работа, дури 15 дена секој месец, а таму започнала интимно запознавање со фитнес тренер.

Тоти и Илиари; фото:Profimedia

Наводно, Тоти ги пронашол пораките кои таа ги разменила со згодниот тренер, а ова било почеток на крајот за парот. „Чи“ тврди дека станува збор за тренерот Кристијанo Џовино, поранешен партнер на две ултра познати италијански инфлуенсерки Зои Кристофоли и Џулија де Лелис и дека познанството меѓу Илари и него датирало година и пол наназад.


Магазинот „Il Corriere della Sera“ пишува дека фудбалерот пронашол компромитирачки пораки кои му помогнале да ги состави парчињата од сложувалката кои долго време го мачеле.

„Тоа беше моментот кога се освести, разбра многу работи“, пишува „Il Corriere della Sera“.

Врската на Тоти со гореспоменатата Ноеми Боке дошла само неколку недели по ова предавство. Инаку, славниот фудбалер и убавата Ноеми неодамна беа видени на заеднички одмор на италијанското крајбрежје, а се шпекулира дека парот го очекува своето прво заедничко дете.

извор:zena.blic

Неверојатно: Се разбуди од деветмесечна кома слушајќи го гласот на нејзиниот идол Тоти од ФК „Рома“