По реакциите со „бугарското знаме“, евровизискиот спот на Гарванлиев ќе биде променет
Спотот на нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев за песната „Here I stand“ ќе биде заменет со друг откако во еден од кадрите се појави уметничко дело кое гледано вертикално наликува на бугарското знаме.
Истиот спот ќе биде заменет (ќе се исечат тие кадри) затоа што боите биле поставено по друг редослед на уметничкото дело, откако локацијата на снимањето - Даут-пашиниот амам се варосувал.
Спотот ќе биде симнат од официјалниот Јутјуб канал и веќе се работи на новиот спот. Делото во заднината е на уметничката Жанета Вангели, а редоследот на боите оригинално бил бела - црвена - зелена, за по молерисувањето да биде променет во бела - зелена - црвена, односно како оној на бугарското знаме.
Гарванлиев вчера демантираше дека боите во заднината имаат врска со бугарското знаме