По тешка борба со коронавирусот: Најстарата Европејка утре ќе слави роденден

Дека волјата за живот е посилна од смртта ни докажуваа оваа приказна која ја споделија светските медиуми но и медиумите од регионот. 

Пред да наполни 117 години, Луси Рендон, која меѓудругото е и најстарата жителка во Европа, а втора највозрасна личност и во светот се опорави од пандемијата која е во ек сеуште.

Луси, е калуѓерка од Франција родена на 11 февруари 1904 година.

Покрај тоа што е најстара личност во Европа, таа е втора најстара личност во светот.

Она што го пишуваат медиумите е дека без никакви симптоми таа на 16 јануари добила позитвен корона тест.

Луси, имено, во 1944 година е прогласена за сестра Андре.

Била во изолација во дом за пензионери во Тулон и денес е сосема опоравена.

Токму утре е нејзиниот роденден а таа со големо нетрпение чека да го прослави со пријателите од домот.

Сестра Андре е слепа и користи инвалидска количка, но не се плашела од болеста.

-Повеќе се грижеше за останатите жители на домот отколку за себе-рекол портпаролот на домот за пензионери  Давид Тавела, додавајќи дека имала многу среќа.

Сепак, сестра Андре рекла дека не се плаши од смртта. Од една страна била среќна што е жива, но од одруга пак, како што одговорила сакала да биде на некое друго место, односно да им се придружи на нејзините најблиски починати.