По трагедијата во 2004 година, преживеа нова драма и се породи во седмиот месец

Петра Немцова на 15 ноември првпат стана мајка на 40 години, но убавата вест ја сподели со фановите на „Инстаграм“ дури сега, откако помина исклучително тежок и неизвесен период и се породи во седмиот месец од бременоста.

- Добив син. Намсевката не можам да ја симнам од лицето. Конечно го донесовме дома нашиот ангел. Одбра да пристигне на овој свет неочекувано, во 34-та недела од бременоста, на сред ноќ во дивина. По оваа бура, за малку ќе се породев во автомобилот додека брзавме кон најблиската болница. Од 15 ноември поминавме неколку напнати ноќи, молејќи се нашето дете да се опорави и да бидеме сигурни дека не е во опасност. Сега нашиот преубав син е со нас, сигурен, заштитен, сакан и спокоен - напиша Немцова емотивно обраќање под фотографијата.

Поранешниот топ-модел оваа година се омажи за агентот за недвижности, Бен Лареч, и тогaш изјави дека е конечно среќна по трагедијата во 2004.

Пред 15 години нејзиниот вереник, британскиот моден фотограф Сајмон Атле загина во разорниот земјотрес и цунами на Тајланд. Петра подоцна изјави дека со низа скршеници таа успеала да се спаси од сигурна смрт држејќи се за гранка од едно дрво цели осум часа.