Победничката на „Никогаш не е доцна“ долго водела борба со ракот: Во шоуто го направи она што на никој не му успеа

Финалето на музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“ се одржа вчера, на 25 јуни, а големата победа ја однесе 46 - годишната Бојана Барјактаревиќ. Црнокосата дама ги воодушеви публиката и жирито, а воедно е и прв натпреварувач кој ја однесе победата во сите три категории.

Бојана освои најмногу СМС гласови од публиката, а набрзо триумфираше и во гласањето на Фејсбук, а потоа ја освои наградата и од жирито.


Некогашната пејачка на бендот „Бон Ами“, која за време на своето учество во натпреварувањето публиката освен со својот глас, ја допре и со животната приказна. Имено, таа во една прилика откри дека направила долгогодишна пауза за време на кариерата поради болеста со која се борела.

Иако нејзината изведба во финалето беше маестрална, сите го паметат нејзиниот настап со кој го расплака Жика Јакшиќ, со интерпретацијата на песната „Поџи са мном испод дуге“ од Шемса Суљаковиќ.


„Јас со музиката се занимавам 29 години, не ја запоставив. Го запоставив медиумското експонирање и појавување. Јас се повлеков за да се рехабилитирам и така останав 17 години надвор од естрадата“ - кажа Бојана во една прилика.

Сепак, зад насмеаното лице на оваа преталентирана победничка се крие тешка животна борба. Бојана имала рак на левата дојка, кој подоцна метастазирал.

„Ми извадија 24 жлезди. Имав 16 третпани со хемотерапија, а по првата останав без коса. Она што е добро е што сега имам нова коса и тоа 40% повеќе од порано. Најважно е да се биде упорен и позитивен, нема ментален пад, тоа е најголемиот непријател“ - раскажа Бојана порано за својата болест.

Да потсетиме, јавноста ја памети Бојана како пејачка од бендот „Бон Ами“, кој своевремено беше многу популарен. Бојана го отпеа и нивниот најголем хит „Магла“, кој и ден денес се слуша со задоволство.

фото: ATA Images