Почина легендарниот Лари Флинт: Сопственикот на списанието „Hustler“

Лери Флинт, контроверзен издавач и борец за слобода, почина на 79-годишна возраст.

Флинт беше една од најпознатите фигури во медиумите, основач на списанието „Hustler“ и заедно со Хју Хефнер, една од клучните луѓе во започнувањето на порно индустријата.

Скоро половина век, Флинт беше главно име во „забавата за возрасни“, бидејќи во 1974 година го пушти во продажба „Hustler“, списание со голи фотографии поради што имаше бројни проблеми со законот.

Некои од нив беа овековечени во филмот „Луѓето наспроти Лари Флинт“ во кој го играше Вуди Харелсон. Филмот на Милош Форман беше номиниран за два Оскари, за главна машка улога и режисер.


Флинт беше толку озлогласен што во 1978 година, серискиот убиец Џозеф Пол Френклин се обиде да го убие. Флинт беше парализиран од половината надолу од здобиените рани, а остатокот од животот го помина во инвалидска количка.

Тој се обиде и во политиката, па во средината на осумдесеттите се обиде да се кандидира за претседател на САД, а пред 17 години сакаше да стане гувернер на Калифорнија.

Покрај познатото списание, тој имаше и многу успешна продукциска куќа за филмови за возрасни.


Фото: Profimedia