Почнаа Велигденските пости: Зошто денес треба да се исчисти куќата ?

Добивај вести на Viber

По Прочка која беше вчера, денеска почнуваат Велигденските пости.

Траат од Чистиот понеделник до Лазарова Сабота. На крајот од Велигденскиот пост, се надоврзува постот на Страстната седмица, така што овој пост трае вкупно 48 дена.

Велигденскиот пост кој започна денеска се вика Голем поради својата важност, но и времетраење. Тој се состои од Светата четиридесетница и Страстната седмина. 

Четиридесетницата завршува во петок, 6-та недела од постот кога доаѓа постот од Страстната седмица кој е посветен на страдањата и смртта на Исус Христос.

Првата недела од Големиот пост се нарекува Чиста, зошто се верува дека тогаш во молитвите се слуша душата која се чисти. Со тие молитви ние се одрекуваме од гревовите и доаѓаме до спасение и вечен живот.

Во текот на оваа недела се препорачува пост, солзи, молитва, покајување, чистење на телото и на душата, одрекување од гревовите и страста, за достојно да се поклониме пред крстот.

Оваа недела се вика и Тодорова недела. Првите денови од Чистата недела не се палат огништа и жените не треба ништо да готват, но да јадат храна која е подготвена претходно.

Во првите денови, мажите не треба да јадат ништо, се додека не падне мрак. До четврток не се користи лажица, девојките не носат никаков накит, не се игра и не се пее. Навечер, цела фамилија треба да биде заедно, а децата да прават пуканки, што на многумина им е единствена вечера.

На Чист понеделник, жените ја чистат куќата, децата и возрасните се капат, тушираат и бричат.