Политичарка подиве на Инстаграм, веднаш ја сменија: Објавува разголени фотографии, а за Ана Франк вели дека е „напалена и неморална“

Шведските демократи ја отстранија Ребека Фаленквист од функцијата откако политичарката објави понижувачки коментари за Ана Франк. Во објавата на Инстаграм, која сега е избришана, таа меѓу другото ја нарече Ана Франк „напалена“ и „неморална“, пренесуваат шведските медиуми, објави агенцијата „Анадолија“.

Објавата на Фаленквист предизвика остри реакции кај еврејските групи и израелскиот амбасадор Жив Нев Кулман.

„Силно ја осудувам оваа страшна навреда, непочитување на споменот на Ана Франк“, напиша тој на Твитер.

Објавата на Фаленквист, 26-годишниот шеф на телевизијата на Шведските демократи, предизвика силни реакции кај израелските групи и израелскиот амбасадор Жив Нев Кулман, кој на Твитер напиша дека остро ја осудува оваа страшна навреда и непочитување на споменот на Ана Франк.


Непримерен коментар кој многумина не го разбираат

Директорот за медиуми на шведските демократи, Оскар Кавали-Бјоркман, изјави за шведската новинска агенција ТТ дека партијата сериозно ќе ги сфати „нечувствителните и несоодветни“ коментари на Фаленквист и ќе започне внатрешна истрага за ова прашање. Иако, се наведува, не е јасно која поента сакала да ја нагласи Фаленквист со коментарите за дневникот на Ана, таа подоцна во порака до шведскиот весник „Дагенс Нихетер“ изјавила дека била погрешно протолкувана, пишува „мондо“.

View this post on Instagram

A post shared by (@rebeckafallenkvist)


„Книгата е трогателен приказ на човечкото добро и зло. Добрата Ана, која во првите поглавја, како и секоја друга млада девојка која го живее својот живот во мир и се интересира за момчињата (на што укажав), се спротивставува на злото на нацизмот. Мојата приказна беше насочена кон доброто и човечкото во Ана, без да го намали злото на кое таа беше подложена“, потенцира Фаленквист во својата порака до весникот.

Целото семејство загина во логорот

Ана Франк, која пишувала дневник додека се криела во Амстердам пред да биде заробена, починала на 15-годишна возраст во концентрациониот логор Берген-Белзен во нацистичка Германија во февруари 1945-та година. По германската окупација на Холандија, еврејското семејство Франк живеело во тајно засолниште од 1942-ра година додека не биле откриени од Гестапо во 1944-тата година и испратени во германските концентрациони логори. По војната, дневникот на Ана за годините поминати во постојан страв и целосна изолација е пронајден во Амстердам.

Извор: zena.blic.rs