Помош за полошкиот регион за подобро справување со опасноста од поплави

Невзат Абдили живее во Јеловјане повеќе од половина век. Не поминува ни ден без да се потсети на трагичните настани кога при свлекување на земјиштето во селото изгубил речиси сѐ за што работел цел живот.  Куќата распукала, штетата е непоправлива и семејството Абдили морало да се исели од домот, а младите заминале во потрага по работа во градовите.

Погледнете го апелот за помош на Невзат:

Но, помошта е тука. Надежта за Невзат и мештаните ја враќаат  активностите кои веќе даваат резултати во рамки на „Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полог“ финансирана од Швајцарската влада, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Програмата предвидува трансформација на системот за заштита од поплави преку развој на интегриран и софистициран пристап во справувањето со поплавите и друг вид катастрофи.  Клучен чекор е што за прв пат во земјата е направена мрежа од девет општини, Тетово, Гостивар, Теарце, Боговиње, Врапчиште, Желино, Јегуновце, Маврово-Ростуше и Брвеница кои заеднички работат на изработка на планови за заштита од поплави. Меѓуопштинската координација на активностите и споделување на меахнизацијата се пресудни за спречување на идни поплави со катастрофални последици за животите и имотот на населението.

Санација на речните корита, стабилизација на свлечишта, санирање на диви депонии по теченијата на реките, чистење и одржување на постојните канали за атмосферско одводнување, изградба на заштитни брани, пошумување со цел задржување на поројната вода, реконструкција на постоечките и поставување нови хидролошки-метеоролошки станици. Ова се само дел од активностите во рамки на „Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полог“ финансирана со 12 милиони швајцарски франци од Швајцарската влада, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

ГАЛЕРИЈА