Поранешна стечајка од Кичево е добитник на лото-наградата од половина милион евра

Доста Андоноска од Кичево, инаку поранешен стечаен работник од „Кичево Пром“, а денес пензионерка, сопруга, мајка и баба, е добитничка на наградата од повеќе од милион евра.

Лотарија објави дела најновата 7-ка на ЛОТО 7, којашто беше постигната во 95 коло, со вредност од 32 921 304, комбинација уплатена во продажното место „Детелинка“ – Кичево, се паднала кај баба Доли.

„Нашата добитничка дојде во просториите на Државна лотарија со електронската потврда од уплатата на нејзините среќни броеви. Добивката е потврдена, Доста е нашата 27-ма лото милионерка. Потоа е остварена средба и со генералниот директор на Државна лотарија во срдечен разговор, при што дознавме дека таа игра повеќе од 45 години, и неуморно верува во среќата. Последните години ги игра истите 4 комбинации, а еднинствено ја менува 5-тата, токму таа којашто ѝ ја донесе 7-ката“, вели државна лотарија. Повеќе читајте на Фактор.мк