После една година „слободна“, ми расте коса, иако скроз не мора: Цеце Николова искрена до срж

Добивај вести на Viber

После сѐ што ми се случи периодов, можам да кажам дека периката и алопецијата непотребно ми ја мачеле душава... пишува на инстаграм новинарката Цеце Николова која пред две години храбро застана пред објективот и на социјалните мрежи со фотографија без перика откри дека има алопеција

Овој пат, со уште еден инспиративен, храбар статус таа покажа колку не дозволува ништо да ја скрши.


„Пред точно една година првпат излегов од дома без перика. И повеќе никогаш не ја ставив.
Ова е првата година во мојот живот во која сум вистинска. Оригинална. Своја. Најсвоја. Слободна.
После сѐ што ми се случи периодов, можам да кажам дека периката и алопецијата непотребно ми ја мачеле душава цел живот. Видов многу пострашни работи.


Пред животот да ви помине во измачување, гушење, криење и лаги - погледнете се во огледало, ѕирнете си во душата, изговорете гласно сѐ од што се плашите и учете од сопствените стравови.

П.С. После една година „слободна“, ми расте коса, иако скроз не мора. :) “ - напиша цеце на Инстаграм.


Харизматичната и инспиративна новинарка во една прилика за Женски магазин зборуваше и за своето детство и за тоа дека е дете од СОС Детско село. А беше избрана за херој на 2021 од реномираниот balkaninsight.com


Откако ми паднаа 95% од трепките мислев дека ќе доживеам нервен слом: Водителката Цеце за алопецијата и себеприфаќањето


ФОТО: Инстаграм