Потребни им сме: Семејство од Делчево апелира за помош за да можат да изградат соодветен дом за малиот Филип

Наталија и Александар, со нивниот двегодишен син живеат во Делчево и се во многу текшка финансиска состојба, потребна им е помош.

Наталија во моментов не може да работи затоа што се грижи за малиот син, кој има скоро две години и само нејзиниот сопруг има можност да работи, а неговата плата е единствениот приход. 

Александар е готвач и дури не работел последните неколку месеци поради кризата со КОВИД-19, а неодамна започнал повторно да работи.

-Успеваме да ги покриеме со многу труд само нашите основни трошоци ама не секогаш - за храна, облека, комунални услуги. Секако, најважно за нас е да му обезбедиме на Филип сè што му треба. Сега живееме во социјален стан, што всушност е само една соба, но секој месец мора да ја покриеме киријата и станува многу тешко!

Ние, како и сите родители, сакаме да му обезбедиме подобар живот на нашето драго дете, но потребна ни е вашата солидарност и поддршка.

Бидејќи мојот сопруг има наследен спрат од куќата на неговиот татко, решивме да го реновираме за да го изградиме нашиот дом од соништата таму! За жал, ова подразбира многу трошоци, бидејќи таму не постојат услови за живот, особено за двегодишно дете - раскажува Наталија.

Треба да се изврши ремонт, за да можат да живеат таму. Куќата е многу стара и скоро се распаѓа, нема дури ни тоалет и бања. Сите инсталации мора да бидат заменети, да се купат нови прозорци и врати.

-Моето семејство и јас искрено ве замолуваме да ни пружите рака за да можеме да реновираме барем две соби од старата куќа, да имаме доволно пари за кирија и сметки додека не се случи тоа, а најмногу да се грижиме за нашето дете - апелираат Наталија и Александар.

Нашето малку, за нив е многу - да им помогнеме заеднички!

Донирајте на следниов линк Среќен дом за нашето малечко