Позната манекенка пронајдена мртва: Била застрелана и оставена покрај патот

Манекенката Ребека Ландрит е пронајдена мртва покрај пат во Пенсилванија

За ова монструозно убиство е уапсен возач на камион од Тексас.

Истражителите во извештајот навеле дека поранешната манекенка била застрелана 18 пати, а раните биле видливи на вратот, главата, грлото, рацете и градите. Полицијата верува дека била убиена неколку часа пред да биде пронајдена.

Кога ја пронашле, таа немала никакви документи со себе, но отпечатоци од прсти биле доволни за да им се помогне на истражителите да утврдат која е таа.

26-годишниот возач на камион е поврзан со локациите што се појавуваат на сметките пронајдени со Ребека, а податоците во мобилните телефони и видеата од камерите и помагаат на полицијата да утврди дека е тоа така. Полицијата пронашла кожурци во камионот на Ролинс, кои тој се обидел да ги исчисти со белило. Тој еуапсен, три дена по пронаоѓањето на телото на Ребека, во Конетик, оддалечен околу 250 милји.

Ребека беше успешна манекенка и ја сакаше модата.


Фото: Youtube/screenshoot/ TheCinema Couch