Познатиот шармер (54) ја остави најубавата жена во светот, па заведе 19-годишна девојка за која велат дека е уште поубава
Еден од најдобрите европски актери, Вансан Касел (54),
неодамна ја одбележа третата годишнина од бракот со 31-година помладата Тина Кунаки (24), овој пар
често е во центарот на вниманието на јавноста поради големата разлика во
годините, но исто така и поради фактот
дека и двајцата имаат специфичен шарм и посебен вид на убавина.
Дека нивниот брачен живот е пријатен и дека не им недостасува страст, се докажува преку заедничките фотографии што Тина ги објави на Инстаграм, а кои покажуваат колку се нежни и приврзани еден кон друг и не се двоумат да ја покажат својата љубов каде и да се појават.
Познатиот француски актер е во врска со Тина од 2016 година, кога двојката се запозна на Ибица, и ги обедини заедничка страст.
„Тоа беше магичен момент. Бевме на исто место во исто време. Не можам да ги откријам деталите за нашето познанство, но ќе кажам дека и двајцата сакаме сурфање“, откри тогаш убавицата, посочувајќи дека таа немала поим кој е Винсент кога се запознале и сфатила дека е познат само кога биле фатени од папарацо фотографи додека излегувале.
„Пораснав на село. Немавме телевизија и не одевме во кино. Кога бев дете, моите интереси беа ограничени на училиште и фудбал“, продолжи таа.
Од самиот почеток, романсата на Винсент и Тина предизвика голем интерес, пред се‘ затоа што јавноста беше љубопитна во чија прегратка заврши славниот 54-годишен шармер по разводот со Моника Белучи-неофицијално најубавата актерка во светот. И покрај фактот дека изгледаше како невозможна задача да се најде жена која ќе го надмине шармот на Белучи, се почесто се слушаат коментари дека Тина успеала во тоа.
Интересно е што оваа млада дама, како и Моника, е Италијанка, иако има нешто поегзотични корени - доаѓа од африканската земја Того, а кога станува збор за убавината, веруваме дека може да и парира на познатата филмска дива. Темнокожата 24-годишна девојка е многу привлечна, а нејзината бујна, кадрава коса и фигура во форма на вретено и даваат посебен шарм.
Славниот Французин и Тина живеат заедно во Рио де Женеиро, а во 2019 година се роди нивната ќерка Амазонија. Во една прилика, Касел напиша дека неговата сопруга е „божествено суштество без кое не може да живее“.
Да потсетиме, Касел беше во брак 14 години со Белучи (56), со која ги има ќерките Дева (16) и Леони (10). Се разведоа во 2013 година, и не ги коментираа причините за разводот, но тој во интервјуата по разделбата посочи дека е невозможно да се очекува мажот да ѝ биде верен доколку се раздели од сопругата.
Фото: Инстаграм/ Тина Кунаки