Претседателот и првата дама на Франција, носат по две бурми: Причината е тажна

Појавата на првата дама на Франција на филмскиот фестивал предизвика многу внимание.

Брижит Макрон (68) деновиве присуствуваше на отворањето на филмскиот фестивал во Франција. Таа избра комбинација во нејзин стил - фармерки со бел блејзер и бела кошула. Сепак, целото внимание на присутните беше насочено кон впечатливиот прстен.

Тоа е прстен што го доби на венчавката од нејзиниот сопруг Емануел Макрон во 2007 година. Сепак, Брижит всушност секогаш има два венчални прстени на раката - едниот е нејзин, другиот ѝ припаѓа на нејзината сестра која почина во 1961 година.
Сестрата на Брижит почина во автомобил, заедно со нејзиниот сопруг и нивната шестгодишна ќерка, и оттогаш Брижит го носи нејзиниот венчален прстен.

Она што предизвика уште поголема мистерија е фактот дека Емануел Макрон носи исто така два венчални прстени - еден на десната рака, друг налевата. За тоа кружеа бројни гласини, додека на крајот, претседателот Макрон, не откри во интервју за „Femme Actuele“ и рече дека ги добил двата прстени од Брижит - еден на свадбата, и еден кога се уште бил нејзин ученик.

- Му го дадов кога отиде во Нигерија. Тоа беше нашата прва долга разделба, цели шест месеци - рече Брижит.

извор:zena.blic.rs
фото:Profimedia