Пејачката Александра Пријовиќ, сега Живојиновиќ, вели дека е зачудена на написите во медиумите дека нејзиниот сопруг, Филип Живојиновиќ ја изневерува.
Таа на шеговит начин, за српските медиуми рече дека е сепак можно сопругот да бил со друга жена, но додека таа спие.
„Ние сме постојано заедно, 24 часа во денот. Не знам кога Филип би имал време да ме изневери, кога физички е секогаш до мене и до синот. Можеби, евентуално додека спијам. Ако тогаш успева да ми избега, браво за него“, низ насмевка изјавила Пријовиќ.