Приказната на Марија Килибарда мора да ја прочитаат сите кои на жените им го поставуваат прашањето зошто уште немаш родено?
Водителката Марија Килибарда (40) не крие дека зад неа стои тежок период. Имено, Марија откри дека неодамна ги надминала менталните проблеми благодарение на психотерапијата.
- Ги надминав своите ментални проблеми, признала Марија Килибарда за Story.rs
„Три години траеше моето распаѓање до најситни парченца. Се ме болеше, бидејќи не бев она што другите го очекуваа од мене, домаќинка и мајка, додава водителката.
- Тие терапии ми помогнаа да останам на нозе. Колку и да беше тешко, научив важна лекција, а тоа е да не бегам од тагата. Сосема е нормално да седите дома два дена и да плачете. А потоа се издигнуваш и велиш чекај, морам да го решам ова. Животот е ролеркостер, не можеме секогаш да бидеме горе - изјави Марија неодамна преку социјалните мрежи.
Зошто сè уште немаш родено?
Зошто немаш деца? Зошто сè уште немаш родено? Што чекаш, време ти е ...? Дали знаеш што значи живот без деца?
На жените често им се поставуваат вакви прашања, и од добронамерни луѓе и од пријатели. Не должите никому одговори на овие прашања. Не мора да положувате сметка пред никого за вашите сопствени избори, стравови, невозможности, желби и неподготвеност ... Секој има право на свој избор.
Живееме во општество каде ваквите прашања ни се наметнуваат секој ден преку медиуми, јавни дебати, разговори со пријатели, па дури и познаници. Без разлика дали сакате да имате деца или не, дали имате здравствени проблеми што ве спречуваат во тоа или не сте пронашле партнер со кого ќе создадете семејство, тоа се прашања што ве засегаат само вас и прашања што не треба да ги засегаат другите!
Фото: Инстаграм, официјален профил Марија Килибарда
Марија, водителката на ТЛЗП: Само затоа што сè уште не сум мајка, не значи дека не сум среќна