Принцезата ова го пие секое утро: Моќен пијалок за кој нутриционистите велат дека е најдобар избор

Многу е важно како го започнувате денот, а нутриционистите се согласуваат со тоа. Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон добро го знае ова и затоа никогаш не го прескокнува појадокот.

Ако направите добар избор, нема да имате ненадејни напади на глад или потреба од шеќер во текот на денот.

Ако некогаш сте се запрашале како таа успева да изгледа толку витка, го имаме одговорот. Војвотката го започнува секој ден на посебен начин. Колку и да брза, таа секогаш успева да го испие својот пијалок.

Кејт сака да појадува со сопругот и децата, тоа е ритуал во кој уживаат сите. Денот започнува со смути, поточно со комбинација од кељ, алги од спирулина, лисја од зелен чај, спанаќ, коријандер, зелена салата и боровинки. Чаша полна со витамини и добра енергија.

Таа исто така јаде дел од овесна каша, за која нутриционистите тврдат дека е најдобрата опција за здрав појадок, бидејќи содржи високо ниво на влакна, протеини, минерали, калциум и витамин Б.

Ова е одлично за дигестивниот систем и за одржување на холестеролот под контрола и има безброј други добри страни.

Фото: Profimedia