Принова во семејството на пејачот Дамјан Стојановски: Стана татко по втор пат

Фолк пејачот Дамјан Стојановски доби ќерка, и стана татко по втор пат.

За приновата во семејството преку социјалните мрежи информираше неговата мајка Евица.


Денес станав баба на Јана. Војдан доби сестричка, а тато Дамјан и мама Ели, ќерка. Да ни е жива и здрава и многу да не радува-напиша Евица на социјалните мрежи.


Дамјан е син на починатиот пејач Војо Стојановски, а успешно ја гради пејачката кариера по стапките на неговиот татко.


Фото: Фејсбук