Втора пролет во ноември, е прогнозата на метеоролозите за натпросечно вискоите температури во Македонија за првата половина од овој месец.
Веќе кон крајот на ноември, се очекува пад на температурите. Утринските ќе бидат и под нулата, а дневните нема да се искачат повеќе од 8-10 степени.
За љубителите на снегот и на зимата, метеоролозите прогнозираат дека е можно во Македонија снег да имаме во втората половина од декември. Според прогнозите, крајот на оваа година ќе биде влажен период, па можно е да имаме снежна Нова година и божиќни празници.