Промотивен депозит на Силк Роуд банка со премиум начин на штедење

Во современиот свет на економски предизвици, штедењето се наметнува како суштинска потреба за градење стабилна иднина. Во таа насока Силк Роуд банка, зацврстувајќи ја својата посветеност кон поттикнување на културата на штедење, лансираше промотивен депозит за сите оние кои градат долгорочна финансиска стабилност.
Промотивниот Премиум плус депозит е идеален за сите оние кои бараат финансиска флексибилност, но и стабилност на своите заштеди. Со премиум фиксна каматна стапка од 4,10% за депозити во денари, односно 3,30% за депозити во евра и рок на доспевање од 36 месеци, овој производ на Силк Роуд банка, им дава на клиентите можност за користење на сите поволности за штедење со можност за месечна исплата на камата или на крајот на периодот на орочување.
Силк Роуд банка, со своето долгогодишно искуство и швајцарски капитал, продолжува да им нуди на своите клиенти иновативни и атрактивни депозитни произоди со стимулативни каматни стапки за градење на постабилна финансиска иднина.
Повеќе информации за промотивниот депозит се достапни на веб-страницата на Силк Роуд банка.
ПР објава