Промовирана Национална платформа за женско претприемништво за економско јакнење на жените
За креирање на вистински политики кои ќе придонесат за унапредување на женското претприемништво во земјата потребно е да се обединат сите главни чинители, што ќе се постигне преку креирање на Националната платформа за женско претприемништво, чија промоција се случи денеска, на коференција на која учествуваа министри, високи претставници на Делегацијата на ЕУ, дипломати и претставници на деловната заедница.
Платформата е во рамките на истоимениот проект, кофинасиран од Европската Унија, како дел од ИПА Програмата за Граѓанско општество и медиуми. Носители на платформата се: Здружението на бизнис жени, Сојуз на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување-МИР.
– Преку Национална платформа за женско претприемништво сакаме да ги споиме сите активни чинители на ова поле и да создадеме поголема критична маса која ќе ја покаже потребата од посериозен пристап, во создавањето на можности за раст и развој на женското претприемништво во нашата држава. Главна цел на проектот е, зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, за креирање на јавни политики и застапување во областа на женското претприемништво. Со инвестирањето во жените ќе се зголеми родовата еднаквост во општеството и ќе се промовира инклузивен и одржлив развој – рече Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа за женско претприемништво и на Здружението на бизнис жени.
Повеќе информации за Националната платформа за женско претприемништво за економско јакнење на жените прочитајте на Фактор.мк