Првата дама и сопругата на премиерот заедно: Поддршка за борбата пртив рак на дојка

По повод месец октомври посветен на превенција и рано детектирање на ракот на дојка, Форумот на жени на ОО СДСМ Карпош организираше едукативна граѓанска трибина.

Таму свои обраќања имаа еминентни доктори од јавното здравство, како и жени кои се соочиле со оваа болест.



Меѓу присутните на настанот беа и првата дама Елизабета Ѓоргиевска и сопругата на премиерот Елена Ковачевски.


На трибината заеднички беше заклучено дека мултидисциплинарниот пристап на третирање гарантира успешност во секој фаза од развојот, но и дека превентивниот момент е најдобар начин за заштита од оваа болест.

Трибината беше со хуманитарен карактер, а собраните средства кои се собрани ќе бидат наменети за жените кои се во процес на лекување на ракот на дојка.