Расправија па ќотек: Чаирчанец ја претепал девојката на паркинг, нејзината мајка му возвратила вака

Се почести станаа физичките пресметки и насилствата меѓу двојките.

Последниот ваков случај е пријавен во ПС Чар. 

Станува збор за претепување на 26 годишна девојка, која момчето (36) ја нападнало физички на паркинг по нивна расправија.

Од МВР соопштија дела инцидентот се случил околу 13 часот на паркинг на подрачјето во Чаир.

Но, не завршува се тука.

Инцидентот завршил со физички напад врз 36 годишникот. Него го нападнала мајката на девојката.