Рецепт за банана леб: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и 11-годишната Јована

Добивај вести на Viber

На нашата иницијатива #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин за првпат се приклучи и една млада дама, шестооделенката Јована од основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Таа со сите нас го сподели рецептот за вкусен банана леб.

СОСТОЈКИ:

3 банани

1 шолја шеќер 

2 јајца, матени 

1/2 шолја растопен путер

2 шолји брашно (или 1 ако користите црно брашно) 

1 лажичка прашок за пециво 

1/2 лажичка сол 

1 лажичка цимет 

Чоколадни топчиња (по желба) 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 

Загрејте ја рерната на 180 степени. Изгмечете ги бананите во голем сад, додадете ги јајцата и маслото, убаво мешајќи за да добиете единечна смеса. 

Потоа измешајте ги сувите состојки заедно и додадете ги на миксот со банани. Измешајте повторно за да добиете единечна смеса. По желба може да додадете чоколадни топчиња. 

Истурете ја смесата во калап за колач и печете 55-60 минути.

Браво за Јована и добар апетит!  Мајки ајде направете го омилениот рецепт со вашите најмили, ова е одличен начин на забава додека сме во домашна изолација!


Рецепт за вкусен колач за појадок: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивана Кнез

* Рецепт за мафини со боровинки: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Radisha's Kitchen Diaries

* Рецепт за вртена пита со спанаќ и изврка #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Наташа Малинкова

* Рецепт за брзи панцероти: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивона Христова Илиевска

* Рецепт за пекарски кифли: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Андреа Накова

* Рецепт за варен ѓеврек: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и една охриѓанка

*Рецепт за енергетски колачиња: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Вера Петрова

*Рецепт за брза пита: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Маја Аргакиева