Рецепт за Пита Пица: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Александра Силјаноска
Александра Силјаноска, исто така се приклучи кон инцијативата на Женски магазин, таа вели дека рецептот што ни го испрати е многу вкусен, едноставен и брз за подготовка, лесен и прилагоден и за оние кои не се многу искусни со месење. Еве го рецептот за Пита пица:
Потребни намирници:
- Јогурт - 1.5 чаша (шоља од 250 ml)
- Брашно - 3 чаши
- Пециво - 1
- Масло - 1 филџан
- Сол - 1 лажичка
- Јајца - 3
- Кашкавал
- Печурки
- Кулен, врат (сувомеснато по желба)
- Кечап
Начин на подготовка:
Јогуртот и маслото се мешат. Брашното, пецивото и солта се мешат на страна и се додаваат во јогуртот постепено. Се меша со лажица (не се меси). Се добива меко тесто. Во плех се става хартија за печење, се тура тестото врз хартијата и се тапка со намрсени раце (за да не лепи).
Откако рамномерно ќе се распредели низ плехот се мачка со кечап, се реди сувомеснатото, се ренда кашкавал, се додаваат печурките, по желба се зачинува со оригано и се пече на 200 степени целзиусови.
Кога ќе зарумени кашкавалот, се матат 3 јајца и се ставаат врз пита пицата и се враќа во рерна да се допече.
Бон апетит!!!
* Рецепт за вкусен колач за појадок: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивана Кнез
* Рецепт за мафини со боровинки: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Radisha's Kitchen Diaries
* Рецепт за вртена пита со спанаќ и изврка #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Наташа Малинкова
* Рецепт за брзи панцероти: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Ивона Христова Илиевска* Рецепт за пекарски кифли: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Андреа Накова
* Рецепт за варен ѓеврек: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и една охриѓанка
*Рецепт за енергетски колачиња: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Вера Петрова
*Рецепт за брза пита: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Маја Аргакиева
*Рецепт за банана леб: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и 11-годишната Јована* Рецепт за Велигденски чоколадца: #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин и Нина